Утрински Весник
Свет

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев

Ukraina odesa.jpg

Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Како резултат на нападот со високопрецизно воздушно оружје и беспилотни летала, во пристаништето Одеса се оштетени резервоари со гориво и мазива наменети за снабдување на украинските вооружени сили, додека во пристаништето Николаев е оштетен морски влекач пренаменет за употреба на беспилотни пловила“, се наведува во соопштението.

Претходно, руските сили извршија напади и врз фабриката „Фајер Поинт“ со седиште во Киев, која произведува компоненти и боеви глави за крстосувачките ракети „фламинго“. Покрај тоа, беа погодени уште неколку објекти во кои се произведуваат делови за украинското вооружување.

Министерството за одбрана повеќепати нагласуваше дека руските сили ја гаѓаат инфраструктурата за да го намалат воениот и економскиот потенцијал на Украина и дека при нападите користат дронови и прецизно оружје со голем дострел, способно да уништи која било цел како во Киев, така и на целата украинска територија.

Можете да прочитате

Во вторник итен состанок на ЕУ за масовните преминувања на мигранти во Сеута

Анкета: Во случај на војна, повеќето Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата

Зголемен бројот на градови под црвено предупредување за високи температури во Италија