Утрински Весник
Свет

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута

20260801132233 big 730x400 92.webp.webp

Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута.

Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки.

Тоа подразбира брза мобилизација на достапните инструменти на ЕУ, обезбедување поддршка за Шпанија за повторно воспоставување на граничната контрола и разгледување на зголемената поддршка од Фронтекс и ефикасноста на соработката со Мароко.

Во писмото се изразува сериозна загриженост за ситуацијата во Сеута и се нагласува решеноста да се спречат шверцерите да го поткопаат интегритетот на надворешните граници на ЕУ.

Лидерите веруваат дека неодамнешната пресуда на шпанскиот Врховен суд е искористена за напади и злоупотреба на Европскиот систем за миграција и азил.

Потписниците наведуваат дека треба да се зајакнат надворешните граници на ЕУ и да прекинат политиките што ја охрабруваат нелегалната миграција.

Во писмото се истакнува дека сегашната ситуација бара единство, решителност и итност, а заштитата на надворешните граници и спречувањето на нелегалната миграција е заедничка европска одговорност.

Писмото, покрај премиерките на Италија и на Данска, го потпишаа лидерите на Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Холандија, Полска, Романија, Словенија, Словачка и на Шведска. 

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд