Утрински Весник
Македонија

Македонија како под вршник, температури до 40 степени

Screenshot 2026 07 31 172756.jpg

Денес во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Не се исклучува можноста во Повардарието како и во југоисточните предели локално температурата да се искачи и до околу 40 степени.

Од денеска, целата територија на Македонија ќе се наоѓа во портокалова предупредувачка фаза поради многу високите температури на воздухот.

На граѓаните им се препорачува доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ