Утрински Весник
Скопје

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје

Image 2026 07 31 145529659.png

Мостот „Естакада” се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт.

Санацијата на мостот опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и вградување два нови асфалтни слоја.

И самиот мост ќе биде обновен со нов асфалтен слој.

Дополнително, се врши замена на рабниците и капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува.

Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри.

„Со реализацијата на овој проект вложуваме во безбедноста, подобрата поврзаност и поквалитетното секојдневие на илјадници наши сограѓани. Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа, ќе продолжиме со санација и реконструкција на сите мостови во градот, онаму каде што е потребно”, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август

Средба на Меџити – Бримора: Придонесот на Адолф Циборовски останува дел од идентитетот на Скопје

Општина Чаир: Продолжуваат инфраструктурните инвестиции во Стар Чаир и Саат Кула