Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител, ова нема така да заврши

20260731131911 big 730x400 12.webp.webp

Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот за злоупотреби Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес.
 
„Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и презиме, не би сакал да шпекулирам со имиња и презимиња. Допрва ќе има истрага и ќе следи истрага за овој процес, затоа што од страната на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство овдека во Битола. Ова нема така да заврши”, одговори премиерот Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Тошковски: 496 нови полициски службеници ја засилија македонската полиција – инвестициите во реформите и обуката создаваат професионални чувари на безбедноста

Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028″

Суспендирани двајца полицајци, тепале притворено лице во Струга