Утрински Весник
Македонија

Судијата Винца му го врати пасошот на Марковски и си замина во пензија

20260731095517 1.jpg

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој беше претседател на кривичниот совет што одлучи да му биде вратен пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, повеќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија.

Судскиот совет го отфрлил барањето на Винца за продолжување на вршењето на судиската функција, бидејќи потребната изјава не била доставена навреме. Истовремено, Советот констатирал дека Винца во текот на овој месец ги исполнил условите за старосна пензија, со што завршува неговата судиска функција.

Винца потврди и дека тричлен кривичен совет на Основниот суд Струга донел одлука со која на Марковски му е вратен пасошот.

Одлуката доаѓа откако Вишото јавно обвинителство изнело став дека со определената гаранција се отстранети околностите кои би укажувале на опасност обвинетиот да избега.

Како дел од аргументите биле прифатени и наводите на одбраната дека Марковски поседува фирма во Република Србија, чие работење било сериозно доведено во прашање поради неговата неможност да отпатува.

Според аргументите на одбраната, постоела можност фирмата да претрпи ненадоместлива штета доколку Марковски во најкраток можен рок не отпатува во Србија за да потпише документација поврзана со нејзиното работење.

Винца ја напушта судиската функција непосредно откако советот со кој претседавал ја донесе одлуката за враќање на пасошот на Марковски.

Можете да прочитате

Муцунски: Националните позиции се пред сè, реформите продолжуваат, а крајната цел останува полноправното членство во ЕУ

СДСМ: Пет факти што ги потврдува Евростат за Мицкоски

АХВ предупредува: Не оставајте месо, млеко и јајца во автомобил за време на горештините