Утрински Весник
Економија

Левица: Странските инвестиции си одат – Мицкоски и ДПМНЕ се без план за економска стабилизација

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение за јавност на Левица:

Водечката компанија за производство на литиум – јонски батерии БМЗ, донесе официјална одлука за затварање на фабриката во ТИРЗ Бунарџик и преселување на нивните производствени капацитети во Полска. Со оваа одлука 90 вработени во компанијата ќе останат без своите работни места.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој на сите медиуми се фали дека ја имаме најразвиената економија, како и дека имаме најсилен раст во Европа, евидентно пласира невистини во јавноста. Вистината е дека Македонија тоне во инфлација, има намалена економска активност, пад како на индустриско, така и на земјоделско производство, и сѐ  помалку опции за придонесување на економска вредност во општеството.

БМЗ не е првата фабрика од странските инвестиции која ја напушта Македонија поради неодржливоста и економската неисплатливост на нивните капацитети. Пред неа државата ја напуштија Дура и Аптив, додека сите останати странски инвестиции, кои останаа во Македонија, ги намалуваат своите производствени капацитети, а со тоа сѐ повеќе работници останат без своите работни места. 

Иако во јавноста се пласира моќта и знаењето на моменталната влада, евидентно е дека воопшто немаат план, ниту пак знаат, како да се подобрила состојбата, со што би се создале услови за посилно домашно производство и извоз. Немаат ниту визија за создавање на стабилни институции кои ќе привлечат инвеститори, ќе создадат пазарно ориентирани јавни претпријатија со што би привлекле повеќе девизи за одржување на стабилна состојба на денарот. 

На сето ова, кога ќе се додаде и отселување на младите, тешката и непредвидлива глобална ситуација со енергенсите како и неконтролираното и непланско трошење на парите од буџетот, во комбинација со фактот дека македонскиот работник е најниско платениот работник во Европа, можеме да заклучиме дека, во догледно време, нема да се подобри економската состојба во Македонија на чело со ДПМНЕ.

Можете да прочитате

35 милиони евра му должи Министерството за здравство на ФЗОМ

Фокус на земјоделството: Обезбедени пари за откуп, нови системи за наводнување и поголемо производство

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти