Утрински Весник
Македонија

Со „БМВ“ возел 204 км/ч во Гевгелија – Уапсен 29-годишен возач

759433655 1064036896000230 5776212175869380446 n.jpg

Полициски службеници лишиле од слобода 29-годишен гевгеличанец откако на автопатот А1 бил затекнат како управува автомобил со брзина од 204 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Според информациите од полицијата, случајот бил регистриран на 29 јули 2026 година во 21:26 часот, во близина на клучката Смоквица, Гевгелиско.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија утврдиле дека Ж.Д. (29) од Гевгелија управувал патничко возило „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од дури 204 километри на час.

На оваа делница со сообраќаен знак брзината е ограничена на 120 километри на час, што значи дека возачот се движел 84 километри на час над дозволеното.

Гевгеличанецот бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

ВЛЕН: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – носиме историски инвестиции

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна Македонија

Ги видел полицајците, ја заклучил вратата и ги предупредил присутните да бегаат – акција во Гостиварско