Утрински Весник
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

Policija.jpeg

Денеска во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоците поврзани со непропуштање возила со првенство на минување.

При контролата преземени се вкупно 43 мерки за овој вид сообраќаен прекршок.

За време на акцијата санкционирани се и 123 други видови сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ