Утрински Весник
Македонија

Двајца скопјани измамени за над 35.000 евра со лажни крипто валути

Kriptovaluti.webp.webp

На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени.

Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија

Вчера Судот му го врати пасошот, денес Марковски задржан на „Табановце“

Левица: Од „Рекет” до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник”