Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Ахмети оди против Охридскиот рамковен договор

Image 2026 07 28 140357143.png

Прес конференција на Дритон Сулејмани, ВЛЕН 

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт!

Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците.
Во Мала Речица скроиле опасен план. 

Сакаат да направат филм дека албанските права се загрозени само затоа што ДУИ не е во Владата. За нив, очигледно, Албанците имаат права само кога тие се на власт и кога нивните луѓе седат во фотелји.

Корумпираното раководство на ДУИ не може да им прости на мнозинството Албанци што ги пратија во опозиција. Па сега решиле да им се одмаздуваат токму ним, блокирајќи закон со кој правичната застапеност треба трајно да се гарантира.

Малку им беше што проневеруваа европски пари и што не обезбедија чиста вода за жителите на Зајас и Гостивар. Малку им беа Соравија во Скопје, Дака Давидовиќ во Тетово и сите други матни зделки. Сега посегнаа и по албанската кауза, мислејќи дека ако направат хаос, народот пак ќе ги врати на власт.

Ама тој филм веќе не поминува.
ДУИ е прочитана до крај. Народот одамна им ја знае шемата. Зад полната уста патриотизам останаа само обични тендераши, кои се борат за функции, привилегии и шанса повторно да ги полнат сопствените џебови.

Албанците еднаш веќе им ја покажаа вратата. Ако продолжат да го блокираат законот и да одат контра Охридскиот договор, ќе останат во опозиција уште многу долго.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, а ставот на бугарската страна е поинаков поради егзибициите на претходната влада, вели Мицкоски