Утрински Весник
Свет

На Хаити по десет години ќе бидат одржани претседателски избори

Haiti.webp.webp

Изборниот совет на Хаити соопшти дека претседателски избори ќе се одржат на 13 декември, а вториот круг е закажан на 21 февруари следната година.

Претходно беше планирано претседателските избори да се одржат во август со втор круг во декември, но беа одложени поради безбедносни причини.

На Хаити последните претседателски избори се одржаа во 2016 година. Последниот претседател Жовенел Моиз беше убиен во 2021 година по одложувањето на изборите. Последователните влади беа задолжени да организираат избори, но не успеаја поради конфликтот со моќни вооружени банди.

Изборниот совет нагласи дека распоредот зависи од „создавањето прифатлива безбедносна средина и обезбедувањето на потребните ресурси за спроведување на изборите“. 

Можете да прочитате

Обама бара итна регулација на вештачката интелигенција

Шефот на „Антропик“ бара забавување на трката за вештачка интелигенција: Безбедноста не успева да го следи развојот

Кремљ го одби предлогот за средба Зеленски – Путин