Утрински Весник
Македонија

Го фатиле со дрога на концерт во Охрид, па следувал претрес на стан – приведени тројца прилепчани

Policzija.jpg

Тројца прилепчани се лишени од слобода во Охрид откако полицијата кај еден од нив, а потоа и при претрес на стан во кој престојувале, пронашла марихуана, бела прашкаста материја, повеќе таблети, гриндери со остатоци од марихуана и стаклен предмет со печурки.

Полициската акција започнала во раните утрински часови на 26 јули, за време на концерт кој се одржувал во спортскиот центар „Биљанини извори“ во Охрид.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 01:20 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода 30-годишниот Б.Р. од Прилеп.

При полициската контрола кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

По приведувањето, полициските службеници, со судска наредба, извршиле претрес во стан во Охрид кој Б.Р. го користел заедно со уште двајца прилепчани – Г.Ј. (32) и С.Н. (33).

При претресот биле пронајдени и одземени дополнителна марихуана, повеќе таблети, гриндери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои полицијата се сомнева дека потекнуваат од кривично дело.

По пронајдените предмети, од слобода биле лишени и другите двајца прилепчани. Сите тројца биле задржани во полициска станица во Охрид.

Од МВР информираат дека случајот дополнително се расчистува и документира, а по завршувањето на постапката против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

„На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Б.Р.(30), Г.Ј.(32) и С.Н.(33), сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој го користел заедно со Г.Ј. и С.Н., при што биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

21-годишник паднал од отворен прозорец на „Aуди“, тешко е повреден

Полициска акција: Пет килограми марихуана кај татко и син, амфетамин, ЛСД и стотици таблети во подрум

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма