Утрински Весник
Македонија

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Img 0408.jpeg

Претседателот на опозициската турска партија, Енес Ибрахим, преку објава на социјалните мрежи му го честита изборот на Зулфикар Зејнула за министер без ресор, но воедно упати критики дека ветувањата дадени кон претставниците на турската заедница во владејачката коалиција сè уште не се исполнети.

Ибрахим му посака успешен и плоден мандат на новоизбраниот министер, нагласувајќи дека неговото назначување треба да биде проследено со конкретни чекори за подобрување на застапеноста на Турците во институциите.

Тој потсети дека и по две години, повеќе истакнати претставници на турската заедница во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Ердоган Сарач, Аднан Ќахил и други кадри кои активно работеле за партијата во периодот кога била во опозиција, сè уште не ги добиле функциите што им биле ветени.

„Очекуваме и обврските преземени кон Демократската партија на Турците да бидат реализирани во целост, а не да останат само политички ветувања, како што тоа се случи со дел од долгогодишните коалициски партнери и заслужни поединци во ВМРО-ДПМНЕ“, наведува Ибрахим.

Според него, назначувањето на министер без ресор е предизвикано пред сè од актуелните политички околности, а не од искрена намера за поголема застапеност на турската заедница во државните институции.

Ибрахим оценува дека доколку постоела вистинска намера за унапредување на позицијата на Турците во земјата, тогаш и долгогодишните турски кадри во ВМРО-ДПМНЕ, како и коалициските партнери Ердоган Сарач и Аднан Ќахил, би добиле можност да преземат одговорни функции и активно да придонесуваат во институциите.

На крајот од својата објава, претседателот на опозициската турска партија уште еднаш му посака успех на Зејнула и порача дека внимателно ќе ги следи идните политички процеси и исполнувањето на преземените обврски кон турската заедница.

„Одговорноста што ни ја довериле граѓаните ќе продолжиме да ја носиме совесно, доследно и исклучиво во интерес на сите Турци во Република Северна Македонија“, порача Ибрахим.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја

Среде лето заврна снег на Пелистер