Утрински Весник
Економија

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Narodna banka.jpg

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС.

Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното приклучување на Босна и Херцеговина и Црна Гора, се очекува дека и нашата земја ќе се приклучи кон платформата во ноември, заедно со Албанија и Косово, со што иницијативата за брзи плаќања ќе ги опфати сите земји учеснички од Западен Балкан.

Фактот што претседателката на ЕЦБ го издвои овој проект и јавно го потврди очекуваното приклучување на нашата земја претставува значајна потврда за важноста на активностите што ги спроведува Народната банка за модернизација на домашната платежна инфраструктура и за нејзино усогласување со европските стандарди.

Со приклучувањето кон клонот на ТИПС, Северна Македонија ќе стане дел од современата инфраструктура за инстант плаќања заснована на технологијата на европскиот систем ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement). Проектот ќе овозможи побрзи, посигурни и поефикасни плаќања во денари и евра за граѓаните и за компаниите и ќе претставува важен чекор во понатамошната интеграција на домашниот платен систем со европските платежни инфраструктури.

Можете да прочитате

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување

Најповолна понуда за повикот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење дале од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN