Утрински Весник
Скопје

Меџити ги пречека делегациите на Folk Fest во Општина Чаир

Image 2026 07 23 173319343.png

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на Folk Fest, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и значењето на меѓународните фестивали во зближувањето на културите, промоцијата на фолклорот и создавањето пријателства меѓу народите.

„Чаир и Скопје отсекогаш биле места каде што се среќаваат различни култури и традиции. Ви благодарам што преку вашата уметност, музика и фолклор го збогатувате културниот живот на нашиот град и градите мостови на пријателство меѓу луѓето од различни земји во светот,” изјави Меџити.

Меџити им посака добредојде на сите учесници и многу успех на финалната вечер на 8. издание на Folk Fest.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост