Утрински Весник
Свет

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната

20260723072428 big 730x400 10.webp.webp

Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.

Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот.

Демократите се спротивставија на значителното зголемување на средствата за Пентагон, оценувајќи дека тоа доаѓа во период кога се кратат буџетите за социјалните програми.

Меѓу одредбите што предизвикаа критики е и клаузулата со која значително се проширува американско-израелската соработка во областа на воените технологии, и покрај повиците на дел од американската јавност за намалување на поддршката за Израел поради големиот број палестински жртви во израелските напади врз Појасот Газа.

Републиканците, пак, оценија дека буџетот од над трилион долари е неопходен за поддршка на вооружените сили во услови на војната со Иран, како и за финансирање на развојот на одбранбени системи и друга воена опрема.

Законот предвидува и зголемување на платите на припадниците на вооружените сили од пет до седум проценти во следната година, во зависност од нивниот чин.

Можете да прочитате

Воен хеликоптер со пет војници се урна на истокот од Чешка

ЕУ воведе нов пакет санкции кон Русија

Комарци шират вирус во Шри Ланка, болниците се полни, aктивирани војска и дронови