Утрински Весник
Македонија

Недостигот на судии-поротници и измените на надоместоците во фокусот на средбата на Министерството за правда и Кривичниот суд

20260720160511 big 730x400 66.webp.webp

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда, Ален Деребан  остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците.

На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во судскиот систем, обезбедувајќи активно учество на граѓаните во вршењето на судската власт и придонесувајќи за транспарентност, правичност и зајакнување на довербата во судството.


Министерот за правда беше информиран дека во јуни 2026 година Судскиот совет доставил барање за измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници од 2018 година, со кое се предлага зголемување на висината на надоместоците.

Во разговорите беше нагласено дека судовите се соочуваат со недостиг на судии-поротници, што претставува сериозен предизвик за непречено функционирање на судечките совети и навремено постапување по предметите.

Министерството за правда ќе ги разгледа доставените предлози и останува посветено на изнаоѓање одржливи решенија што ќе овозможат ефикасно функционирање на судскиот систем, со соодветно вреднување на улогата и придонесот на судиите-поротници во остварувањето на правдата и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Велосипедист прегазен кај Кочани, починал на лице место

Речиси еден месец Гостивар пиел фекално загадена вода

Филипче да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ