Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот

Ldp 1 750x430 1.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски.


Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на омраза, користат навреди како: “кокошко”, “копито” “мекотели” и други изрази на  деградацијата, тие создаваат амбиент во кој насилството станува прифатлив начин на пресметка со неистомислениците.

Бараме од надлежните институции итно да ги идентификуваат и санкционираат одговорните за заканите и да обезбедат ефикасна заштита за новинарот Видиновски. Демократијата не се брани со молк, туку со јасна и еднаква примена на законот кон секој што повикува на насилство.

Можете да прочитате

Левица: ЕК го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки, велат од СДСМ

Уапсен тетовец кој возел без возачка и направил сообраќајка