Утрински Весник
Македонија

Жена украла телефон од болничка просторија, ќе заработи кривична пријава

Img 9801.jpeg

Полицијата во Гевгелија приведе 45-годишна жена од Богданци, осомничена за кражба на мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.П. била лишена од слобода на 17 јули во 16:10 часот, откако било утврдено дека истиот ден, околу 10:00 часот, од просторија во болницата одзела мобилен телефон кој бил сопственост на вработена во здравствената установа.


Во службен разговор со полициските службеници, таа го признала делото, по што од неа бил одземен мобилниот телефон. Телефонот ќе биде вратен на неговата сопственичка.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по неговото целосно документирање, против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

УЈП најостро го осудува нападот врз даночните контролори

Клековски: Во последните 24 часа примени 260 пациенти со стомачни тегоби

Возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во тетовско, повредени и тригодишно дете