Утрински Весник
Македонија

Со фотографија од аеродром, градоначалникот објави дека Делчево повторно има вода

Img 9564.jpeg

По повеќе од 24 часа непрекината работа на терен, целосно е отстранет дефектот на главната водоводна линија во Делчево, а водоснабдувањето во градот постепено се враќа во нормала. Информацијата ја соопшти градоначалникот Иван Гоцевски преку објава на социјалните мрежи.

Според него, водата повторно е пуштена во водоводната мрежа по полноќ, откако надлежните служби успешно го санирале сериозниот дефект на главниот доводен цевковод.


„По 24 часа работа на дефектот на главната водоводна линија, синоќа по полноќ, Делчево доби вода во водоводната мрежа. Дефектот е целосно саниран и водоснабдувањето постепено се нормализира“, напиша Гоцевски.

Тој им се заблагодари на граѓаните за трпението и разбирањето за време на прекинот, истакнувајќи дека станувало збор за сложена и технички предизвикувачка интервенција која барала максимална посветеност од сите вклучени.

Градоначалникот упати посебна благодарност до екипите на ЈКП „Брегалница“, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Делчево, волонтерите на Црвениот крст, како и до компаниите кои помогнале во снабдувањето на граѓаните со вода додека траеше прекинот.

Воедно, Гоцевски најави дека ќе иницира постапка за доделување награди и признанија за работниците кои со својот ангажман придонеле за брзото решавање на проблемот и повторното воспоставување на водоснабдувањето.

„За целиот вложен труд и максималната вложеност во отстранување на дефектот, ќе иницирам постапка за доделување награди и признанија на работниците кои овозможија Делчево да има вода“, порача тој.

Признанијата ќе бидат врачени по повод празникот на градот – 7 Септември.

Можете да прочитате

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Oдземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско- косовската граница