Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот

Sdsm1.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. 


Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори.

Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? 

Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , за чисти избори, зошто тоа не го предложи сама? 

Ако е за фер избори, зошто не каже јасно кои се проблемите со електронското гласање и зошто ВМРО-ОКГ инсистира токму на модел кој, како што самата признава, се применува во само две или три земји?

Кога се знае кој ја води државата – Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, воведувањето на ризичен модел на гласање е исто како да му се дадат клучевите од трезорот на осуден крадец на банка и да се надеваме дека ништо нема да фали.

Да потсетиме: Претседателката е членка на партија која организираше изборни кражби. Ако не учествувала директно, еднакво е одговорна затоа што молчеше. 

Како претседателка на сите граѓани, нејзината функција не се сведува само на протокол, танц и јога. Таа има обврска да се бори за еднаквост пред законот за секој граѓанин на Македонија.

Како професорка по право која веќе призна дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет и јазикот, таа можеше и требаше јасно да каже дека ослободувањето на Никола Груевски и на нивниот медиумски шеф Драган Павловиќ Латас е катастрофално за сите граѓани. 

Со тоа се покажа дека законот не важи еднакво за сите. 

Можеше да каже и дека враќањето на „Бела палата” – имот стекнат со криминал и корупција – е преседан невиден во ниедна европска држава.

Наместо тоа, Претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ОКГ. 

Тоа не е грижа за дијаспората. Тоа е селективна политичка позиција која го штити режимот, а не интересот на граѓаните.

Можете да прочитате

Кривична пријава за скопјанка, не контролирала фабрика за канабис

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

Учество на Муцунски на министерска конференција на тема „Подемот на политичкиот тероризам” во Вашингтон