Утрински Весник
Свет

Иран: Нема да дозволиме САД да се мешаат во Ормуската Теснина

Ormus.webp.webp

Иран нема да дозволи САД да се мешаат во пловидбата низ Ормуската Теснина, изјави денеска портпарол на иранската Врховна воена команда.

Тој оцени дека евентуално американско преземање контрола или ограничување на пристапот до Теснината претставува „црвена линија“ за Техеран.


Иранскиот претставник предупреди дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги реализира заканите за напади врз иранска инфраструктура, Иран ќе возврати со напади врз инфраструктурни објекти во целиот регион. 

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд