Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

20260716084445 big 730x400 92.webp.webp

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избувна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид.

Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари. Притоа со пламен бил зафатен отворен простор со сува трева и деградирана борова шума.


„Поради силината на ветерот имаше реална опасност пожарот да пристигне до поблиските објекти, меѓутоа благодарение на нашите пожарникари, месното население и останати доброволци, беа избегнати поголеми материјални штети“, се посочува во соопштението.

Причините за избувнувањето на пламенот се уште не се познати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор.

Од ТППЕ – Охрид се упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно, а до надлежните институции да превземат мерки за пронаоѓање и санкционирање на предизвикувачите на пожари на отворено.

Можете да прочитате

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата почнува на крајот на годината

Приведени две лица во Форино, имале дрога вo возилото