Утрински Весник
Економија

Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство”

Sredba na guvernerot so stuedenti praktikanti vo nb scaled.jpg

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства.

Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.


„Вие сте дел од иднината. Искористете ја практикантската работа најдобро што можете – поставувајте прашања, учете од вашите ментори и бидете отворени за нови идеи”, порача гувернерот Славески.

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.

Можете да прочитате

Џонсон Мети во Македонија прославува 170 милиони произведени   парчиња

Седница на Економско-социјалниот совет – 24info.mk

Додека Европа инвестира во бакар, Македонија ја пропушта шансата за економски раст