Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пресудатa за Груевски и имотот на ВМРО е поради контролираното судство

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2″ со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен.


Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1″ и „Талир 2″.

Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков.

Се менуваа и назначуваа судии блиски до власта.

Мицкоски им делеше задачи од собраниска говорница, преку телевизија и на телефон.

Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди пред да бидат јавно објавени.

Ова се случува се во изминатите 2 години.

Ете го резултатот денес на партизираното судство: Никола Груевски, човекот кој избега од правдата, е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО е вратен.

Дури и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследност кај обвинителството и неадаптирање на обвинителниот предлог по измените на КЗ.

Мицкоски не може да избега од одговорноста. Оваа пресуда е печат на заробеното правосудство што самиот го создаде.

Како ќе се испере Мицкоски за тоа што не направи ништо за екстрадицијата на Груевски?

И за тоа ли некој друг е виновен?

Документите за негово враќање со месеци талкаа низ институциите и никогаш не беа испратени. 

Ништо од ова не беше случајност, туку свесна политичка одлука за заштита на Никола Груевски – човекот кој е симбол на криминалот и корупцијата.

Можете да прочитате

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир