
Три лица беа убиени во руски напад врз украинскиот пристанишен град Одеса во среда, потврди локален функционер. Во последните денови, Русија ги интензивираше нападите врз украинските пристаништа на Црното Море, кои се клучни за надворешната трговија на земјата, пишува Ројтерс .
Детали за нападот
Шефот на воената администрација на градот, Серхиј Лисак, објави на Телеграм дека уште три лица се хоспитализирани. Според него, во нападот се оштетени и станбени згради, но не даде повеќе детали.
Во последните денови, Русија ги засили нападите врз украинските длабокоморски пристаништа во пошироката област на Одеса, кои се од клучно значење за надворешната трговија и воената економија на земјата. Така, регионалниот гувернер Олех Кипер во вторник објави дека две лица се убиени во вечерен напад со беспилотни летала врз пристанишната инфраструктура. Во тој напад, додаде тој, бил оштетен и цивилен брод што пловел под знамето на Маршалските Острови.


