Утрински Весник
Спорт

ФИФА го избра американски судија Елфат за полуфиналето Англија – Аргентина

20260714154300 big 730x400 75.webp.webp

Светската фудбалска федерација (ФИФА) за главен судија на второто полуфинале го одреди „домашниот судија“ Американецот Исмаил Елфат.

Со ова делегирање тој стана втор судија од КОНКАКАФ асоцијацијата што ја доби довербата да суди полуфинале, откако денешното во Далас меѓу Шпанија и Франција му е доделено на Иван Бартон од Ел Салвадор.


Инаку, американскиот судија судеше и три натпревари на СП 2022 година каде беше и четврти судија на финалето меѓу Аргентина и Франција.

Американецот Елфат досега на Мундијалот судеше три натпревари: Јапонија – Холандија, Уругвај – Шпанија од групната фаза и Бразил – Норвешка од нокаут фазата.

Помошници на Елфат ќе му бидат сонародниците Кори Паркер и Кајл Аткинс.

Натпреварот Англија – Аргентина се игра утре (среда) во Атланта во 21 часот.

Можете да прочитате

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло

Франција или Шпанија – кој прв ќе стигне до финалето на Светското првенство

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето