Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција.


Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. Повторно нагласуваме дека станува збор за незаконско именување, кое мора итно да биде предмет на истрага од надлежните институции.

За работно место како соработник, советник и други позиции во јавната администрација, потребни се високо образование и работно искуство стекнато по завршувањето на соодветното образование. Но, за да се задоволат апетитите на партнерите во рамките на ВЛЕН, Програмскиот совет на МРТ именува лице на врвот на јавниот сервис кое не ги исполнува ниту условите за позиција соработник во јавната администрација. Можеби токму ова е „правичната застапеност“ и „меритократијата“ што ја проповеда ВЛЕН.

Алармантно и воедно навредливо за професијата е што на чело на јавен медиум се именува лице без ниту еден ден работно искуство во новинарството. Ова претставува деградација на професионалните стандарди, потценување на стотиците новинари и медиумски работници со долгогодишно искуство во МРТ и доказ дека единствениот критериум за именување е политичката лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Од првиот ден на доаѓањето на власт, ВЛЕН покажа дека не ги претставува интересите на Албанците, туку интересите на ВМРО. Денес албанските вработени во МРТ останаа без институционална поддршка, додека лицата именувани спротивно на законот се претворија во слепи извршители на партиските политики, претворајќи го јавниот сервис во инструмент на владината пропаганда.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикуваме веднаш да отворат истражна постапка за овој случај и да ја утврдат кривичната и административната одговорност на сите кои учествувале во овој незаконски процес.

Исто така, ги повикуваме Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ОБСЕ, Делегацијата на Советот на Европа, како и сите домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со слободата на медиумите и владеењето на правото, без одлагање да реагираат на овој опасен процес на политизација и узурпација на МРТ.

Заробувањето на јавниот сервис, кршењето на законот, елиминирањето на Албанците од раководните позиции и деградацијата на професионалните стандарди не се проблем само на една институција. Тоа претставува напад врз демократијата, плурализмот и мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија.

ДУИ нема да молчи пред оваа деградација и ќе ги искористи сите демократски и институционални механизми за да ги заштити законитоста, професионализмот и правичната застапеност на Албанците во Македонската радио-телевизија

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети