
Денешниот ден во Македонија ќе ни донесе посвежо и ведро утро со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе останат околу 20 степени.
Во текот на денот времето ќе ни биде сончево и издржливо топло со појава на мала локална облачност. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 50 км/час.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево со засилување на ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу 15 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 33 степени.

