Утрински Весник
Македонија

Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје

746463593 906898568439035 454563396247674349 n.jpeg

На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје.

Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.


По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

За опозицијата реконструкцијата на Владата е политичка, а не кадровска

Со специјално возило пресретнувач санкциониран возач кој возел со 179 км/ч на пат каде е дозволено 80 км/ч

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите