Утрински Весник
Македонија

Петровска со јавен повик до Меланија: Контактирај ме веднаш, ќе помогнеме со сместување и нема да ве оставиме сами

Slavjanka1 1 1170x705 1.jpg

Пратеничката Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово, која деновиве преку социјалните мрежи побара заштита за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, тврдејќи дека со години се жртви на семејно насилство и закани.

Во објава на Фејсбук, Петровска порача дека таа и нејзиниот тим стојат на располагање и најави конкретна поддршка за семејството.


„Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно сместување за Меланија и нејзиното семејство. Воедно, ќе се обратиме и до општествено одговорни компании, организации и хумани луѓе за да обезбедиме подолгорочна поддршка и достоинствени услови за нивното секојдневие“, наведува Петровска.

Таа упати и јавен повик до Меланија.

„Меланија, те молам контактирај ме преку Фејсбук веднаш штом ќе го видиш овој статус. Сакам лично да разговараме и веднаш да почнеме да организираме конкретна помош за тебе и твоето семејство. Нема да дозволиме оваа борба да ја водите сами“, стои во нејзината објава.

Петровска нагласува дека никој не смее да остане сам кога бара помош и апелира надлежните институции итно да ги преземат сите законски мерки за заштита на семејството и спречување на евентуално ново насилство.

Случајот на Меланија предизвика силни реакции во јавноста, откако таа преку видео обраќање јавно сведочеше за долгогодишно семејно насилство и побара итна институционална заштита.

Можете да прочитате

Откако ја раскажа семејната агонија: Надлежните презедоа мерки, таткото ќе биде хоспитализиран

Да не ги прескокнуваме приоритетите

Автомобил се запалил во движење во Чаир