Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски-Тигањ:Унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб

743484617 1568794534873830 1434417974510431813 n.jpg

Градоначалникот денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб.

Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи.


Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи.

На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.

Можете да прочитате

Финансиска поддршка од 5.000 денари за 360 полуматуранти од општина Ѓорче Петров

Видеонадзор за поголема безбедност во општина Aеродром

Герасимовски: Центар и ова лето организира згрижување на ученици до 10 години