Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Центар и ова лето организира згрижување на ученици до 10 години

9f207c43 29ad 4cf9 8f5a 9745d7f6c924.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември”, каде се згрижени деца од училишна возраст во рамки на летната програма што ја спроведува локалната самоуправа.

За време на посетата, Герасимовски разговараше со вработените и децата, интересирајќи се за начинот на кој се одвиваат дневните активности и како најмладите го минуваат летниот распуст.


Во дворот на градинката тој проследи и дел од спортските, рекреативни и креативни содржини, наменети за учениците кои се згрижени во објектот.

„И годинава излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца до 10-годишна возраст. Со оваа мерка им помагаме полесно да ги усогласат секојдневните обврски, а на децата им овозможуваме квалитетно исполнето лето. Ние сме единствена локална самоуправа во државата која ја спроведува оваа мерка”, рече Герасимовски.

Со летното згрижување оваа година се опфатени 120 деца од училишна возраст, распределени во градинките „13 Ноември”, „Кочо Рацин” и „Раде Јовчевски Корчагин”.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски-Тигањ:Унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб

Финансиска поддршка од 5.000 денари за 360 полуматуранти од општина Ѓорче Петров

Видеонадзор за поголема безбедност во општина Aеродром