Утрински Весник
Македонија

Запалил оган на нива, пламенот за малку ќе зафател цело село

Pozar korejaj.jpg

Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар кој зафатил повеќе површини и објекти, а во еден момент постоела опасност пламенот да се прошири и кон околните куќи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 јули, околу 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Л.М. (73) од селото Калуѓерица, откако било пријавено дека запалил оган на нива.


Според информациите, пожарот најпрво избувнал на нива во сопственост на неговиот брат, по што брзо се проширил на сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, насади со ореви, како и на дел од сушара за тутун.

Благодарение на брзата интервенција на екипите на Територијалната противпожарна единица Радовиш, пожарот бил локализиран и изгаснат пред да ги зафати околните станбени објекти.

Во пожарот нема повредени лица, а за случајот е известен јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол