Утрински Весник
Македонија

СДСМ до Мицкоски: Сакаме да не ги крадеш гласовите на избори преку дијаспората

Sdsm.webp.webp

Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател.

Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората. 


Бидејќи се потврди дека на Христијан Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до политички консензус. 

Нивната цел е само една – изборен грабеж.

Сè друго се лаги, изговори и спинови со кои се обидуваат да ја прикријат вистината.

Мицкоски прво ја укина техничката Влада на сила, без политички консензус и спротивно на воспоставените демократски практики. 

Потоа се обиде да протне модел за електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола и гарантирање на изборниот интегритет.

Откако тој обид не му помина, предложи нов модел – гласање по пошта, повторно без соодветна контрола и без механизми што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните.

Прво прифаќа една изборна единица па не прифаќа, па сега бара некој друг да се договори.

Само лаги и спинови зад кои се крие барањето начин да манипулира со околу 200.000 гласови од дијаспората.

Во меѓувреме, реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес. 

Единствен виновен за тоа што нема консензус за Изборниот законик е Христијан Мицкоски.

Проблемот не е во опозицијата. Проблемот е во власта и во Христијан Мицкоски, кој упорно инсистира на решенија што отвораат простор за изборни злоупотреби.

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж. Ќе го браниме гласот на секој граѓанин, ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација и ќе ја заштитиме слободната волја на граѓаните.

Можете да прочитате

Катастрофален ревизорски извештај за Агенцијата за вработување – Местени тендери, исплати без докази и фаворизирање

МВР со кривична против полицаец кој пукал на семејна веселба

Серискиот убиец од Куманово, убивал за да ги задоволи половите страсти врз мртвите тела