Утрински Весник
Скопје

Инспектори затекнаа диво фрлање отпад во Аеродром и на „Рузвелтова“

741475386 1567599838326633 6177837227857737457 n.jpg

Градските инспектори затекнале лица кои нелегално исфрлале шут и градежен отпад на три локации во Скопје, во акција спроведена доцна синоќа. Според информациите што ги објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прекршителите биле откриени во Општина Аеродром и во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“.

Ѓорѓиевски информира дека сторителите веднаш биле лоцирани и евидентирани, по што добиле налози да се јават во општинските простории, каде ќе им бидат изречени глоби согласно законските прописи.


Освен паричните казни, на прекршителите им било наредено веднаш да го отстранат незаконски фрлениот отпад и да го транспортираат на соодветна депонија. Како доказ за тоа, ќе мора да достават и кантарска белешка, а доколку не ја исполнат оваа обврска, ќе се соочат со дополнителни санкции.

„Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. За вакви појави нема оправдување. За вакво однесување нема толеранција. За уништување на Скопје – ќе има одговорност“, порача Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.

Тој истакна дека градските инспектори работат 24 часа на терен и континуирано ги следат сите случаи на нарушување на животната средина. Воедно, упати апел до граѓаните да не одлагаат кабаст и градежен отпад на несоодветни места, нагласувајќи дека со таквото однесување се уништуваат напорите за почисто и поуредено Скопје.

Можете да прочитате

Без вода и струја утре повеќе улици во Скопје

Хоџа: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

Оштина Чаир без Бадентер изменуваше две улици по борци на ОНА