Утрински Весник
Балкан

Рама потврди дека следниот самит на НАТО ќе се одржи во Тирана

20260708160702 big 730x400 5.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана.

“Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, вели Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со членовите на делегацијата.


Албанската државна агенција АТА, објави дека Генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, изјавил дека Тирана е следниот домаќин на Самитот на НАТО.

-Следниот самит на НАТО ќе биде во Албанија. Ова е одлуката во Хаг, но и во Анкара. Значи, ние ќе одлучиме и за точното време кога ќе се одржи“, изјавил Руте на новинарско прашање.

Според агенцијата оваа одлука ја потврдува стратешката улога на Албанија како сигурен и важен партнер на Западен Балкан и во Северноатлантската алијанса.

Потсетува дека одржувањето на Самитот на НАТО во Тирана било доведено во прашање поради неисполнувањето на Албанија на обврската за вложување средства во одбраната.

Можете да прочитате

Телото на Ратко Младиќ префрлено во Военомедицинската академија, погребот во понеделник

Турски медиуми: Директорот на турското разузнавање се сретнал со директорот на грчкото разузнавање

Ердоган ја предупреди Грција: Откажете се од погрешниот пат и престанете да ги вооружувате островите