Утрински Весник
Свет

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

741258268 1488059916690715 1061098561164024673 n.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп од Анкара повторно упати остри критики кон дел од сојузниците во НАТО, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави вложуваат најмногу во Алијансата, но не добиваат соодветна поддршка од партнерите кога тоа им е потребно.

Говорејќи пред новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп порача дека е „многу разочаран“ од однесувањето на некои земји-членки на НАТО. Воедно, тој упати пофалби до Ердоган, истакнувајќи дека токму поради него решил да присуствува на самитот.


„Да не се одржуваше самитот во Турција, каде што мојот пријател е многу силен лидер и многу силна личност, можно е воопшто да не присуствував“, изјави Трамп.

Американскиот претседател повторно се осврна и на конфликтот со Иран, обвинувајќи ги европските сојузници дека не покажале подготвеност да застанат зад САД.

„Не бевме третирани добро. Дури и не барав нивна помош, бидејќи рекоа дека нема да бидат таму. Ние инвестиравме билиони долари во НАТО за да ги заштитиме европските земји и другите“, рече Трамп.

Тој ја критикуваше и одлуката на британскиот премиер Кир Стармер, оценувајќи дека доцнењето со дозволата американските сили да ги користат британските воздушни бази за, како што рече, „одбранбени“ операции против Иран било непопуларен потег.

Во своето обраќање Трамп тврдеше дека свесно ја тестирал подготвеноста на сојузниците да им помогнат на САД.

„Ги тестирав луѓето за да видам дали ќе бидат таму или не. Долго време велам дека ние им помагаме, но не сум сигурен дека тие ќе бидат таму за нас. Италија нè одби, Германија нè одби, Франција нè одби. Тоа е во ред, но зошто трошиме стотици милијарди долари ако тие не се тука кога ни се потребни? Ние отсекогаш сме биле тука за нив“, изјави американскиот претседател.

Изјавите на Трамп доаѓаат во време кога лидерите на НАТО во Анкара разговараат за идните безбедносни предизвици, зголемувањето на воените трошоци и улогата на Алијансата во актуелните глобални конфликти.

Можете да прочитате

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години

Експлозии во Дамаск за време на посетата на францускиот претседател