Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Итна реакција на Брисел по резолуцијата на ЛДП и АЛДЕ за малтретирањето на границите

Monika zajkova.jpg

Соопштение на ЛДП:

Успехот на Либерално-демократската партија (ЛДП) на меѓународна сцена веќе дава конкретни и брзи резултати во директна заштита на интересите на македонските граѓани. Само еден ден по завршувањето на Конгресот на АЛДЕ партијата во Виена, каде на предлог на ЛДП и сестринските партии од ЛИБСЕН со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција против малтретирањето на ЕУ-границите, Европската комисија официјално најави воведување на дополнителна „флексибилност” во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) за да се спречат километарските колони од возила.


Македонската делегација во Виена, предводена од лидерката на партијата Моника Зајкова, за време на тридневниот конгрес оствари низа клучни средби со највисоките претставници од либералните партии во Европа, вклучително и еврокомесари, министри од земјите на ЕУ, европратеници и пратеници. На овие средби беше децидно истакнато дека е целосно неприфатлив понижувачкиот однос кон македонските граѓани и долгите колони на границите кон ЕУ, за што мора да се најде итно, макар и привремено решение, со цел да се олесни секојдневието и животот на луѓето. Од страна на европските сојузници беше изразена силна поддршка преку едногласно усвојување на резолуцијата и јасна заложба за најитна реакција на европските институции.

Веќе во понеделникот, веднаш по завршувањето на конгресот, на дело се гледаат резултатите од овој интензивен ангажман и заложбите на европските либерални колеги, кои и историски секогаш се покажале дека имаат вистинско разбирање и силна поддршка за македонскиот народ и македонските граѓани. Европската комисија објави дека националните власти на граничните премини ќе можат привремено да ја суспендираат биометриската регистрација во случаи кога редиците ќе станат предолги, со цел да се прилагоди темпото на проверка и да се избегне колапс на терминалите. Очекуваме брза реакција на грчките гранични служби.

„На сите им е доста од политичко гледање преку нишан кога мораме заедно да одработиме меѓународно – време е за координирана работа во интерес на народот. Вистинскиот патриотизам не се мери со меѓупартиски препукувања за секоја тема, поготово не кога станува збор за ЕУ. Вистинскиот патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа, преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ и преку конкретно олеснување на макотрпното секојдневие на македонските граѓани. Додека другите зборуваат и прават ПР-театар дома, ЛДП испорачува реални резултати во Брисел кои веднаш се чувствуваат на терен. Заедно можеме да испорачаме многу повеќе и многу побрзо!” изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Улогата на партиите и на државата на меѓународна сцена е токму тоа – преку конкретни чекори и реално влијание да им го направат животот на граѓаните полесен и подостоинствен. Мора да ја научиме лекцијата како народ дека заедно можеме да победуваме, да добиваме меѓународна доверба и да испорачуваме подобри услови за нашиот народ – затоа што за него работиме. ЛДП постојано говори за важноста од ваков координиран, европски и ефикасен настап, и се надеваме дека, освен граѓаните кои во сè поголем број ја препознаваат оваа разлика и му даваат поддршка на либералниот граѓански концепт, пораката конечно ќе ја разберат и останатите домашни политичари. Нашата крајна цел е јасна – задоволни и среќни македонски граѓани.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица