Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино

Image 2026 07 07 123942976.png

Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината.

Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот.


Предвидено е поставување нови ПВЦ врати и прозорци, поставување нови плочки на надворешните скали и терасата, како и поставување на заштитна ограда.

Градежните активности опфаќаат и санација на фасадата. А во внатрешноста на објектот ќе се изведе поставување гипс-картон со глетување и молерисување на ѕидните површини, како и целосно внатрешно осветлување, со што просториите ќе добијат современ и функционален изглед.

При увидот на објектот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека обновата на домовите на култура има за цел да придонесе за развој на културниот живот во локалните заедници, обезбедувајќи современи простори за културни настани, дружење и активно учество на граѓаните.

Финансиските средства за реконструкција на домовите на култура се обезбедени од буџетот на Општина Илинден, при што во изминатиот период беа реконструирни домовите на култура во Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите домови на култура на територија на општината.

Можете да прочитате

Нови дигитални услуги за паркирање во Центар, апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Авионско прскање против ларви од комарци во петок во Скопје

Општина Гази Баба го објави повикот за субвенции за печки на пелети