Утрински Весник
Македонија

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Img 8567.jpeg

Голема количина различни видови дрога е запленета при полициски претрес во стан во Скопје, а против две лица е поднесена кривична пријава.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќта меѓу 2 и 3 јули, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција.


При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло од хашиш, хашиш смола и халуциногени печурки.

Осомничените се задржани за понатамошна постапка, а Единицата за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава по итна постапка.

Можете да прочитате

Настраданите во сообраќајката во Словенија се од општина Ценар Жупа

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника