Утрински Весник
Македонија

Владината реконструкција влегува во Собрание – Седница за новите министри на 13 јули

Vlada 800x445 1.png

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја закажа седницата на која ќе се одлучува за владината реконструкција.

Седницата е закажана за 13 јули (понеделник) со почеток во 11:00 часот, кога пратениците ќе расправаат и ќе гласаат за предложените кадровски измени во Владата.


Согласно предлогот доставен од премиерот Христијан Мицкоски, за нови министри се предложени:

  • Летон Шасивари – министер за правда;
  • Агон Ферати – министер за односи меѓу заедниците;
  • Борче Серафимовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Сашо Клековски – министер за здравство;
  • Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади;
  • Иван Стоилковиќ – министер за локална самоуправа;
  • Седат Сулејмани – министер за култура и туризам;
  • Ерхан Демир – министер без ресор.

Според собраниската процедура, премиерот пред пратениците ќе го образложи предлогот за новиот состав и смените во владината екипа, по што ќе следува расправа и гласање за доверба на новите членови на извршната власт.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Левица: Мицкоски им се извинува на САД што македонски новинар се осмелил да праша за безбедноста на Македонија

Утрово гужви на ГП „Богородица“