Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Whatsapp image 2026 07 02 at 09.11.59.jpeg

По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните.

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.


Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.

Со овој тим, ВЛЕН повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик