Утрински Весник
Македонија

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч

Img 8398.jpeg

Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на патот Гостивар–Тетово.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска околу 18:00 часот, на клучката Боговиње, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со специјално возило „пресретнувач“, измериле брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.


По насоки на јавен обвинител, од слобода е лишен К.Б. (47) од Тетово, кој управувал патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски ознаки.

Против него ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидените санкции согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Можете да прочитате

ОЈО: Професорка од Кочани примила пари во канцеларијата и му впишала шестка на студентот

Реконструкција на Владата и потрагата по нова опозиција, дали Македонија влегува во нова политичка фаза? 

(Фото) Веќе е доцна, но не и предоцна – стартуваше платформата „Разговори за иднината во 12:05“