Утрински Весник
Македонија

Пратеници, професори и поранешни функционери на голема дебата за Иднината на Македонија

Dc636bcb d9ab 475e abbb 16c013168bae.jpeg

Универзитетски професори, адвокати, граѓански активисти, актуелни пратеници, градоначалник и поранешни функционери на СДСМ се дел од првата дебата „Разговори за иднината во 12:05“, која ја модерира универзитетскиот професор и поранешен пратеник и функционер на СДСМ, Игор Ивановски.

На трибината, покрај веќе објавените учесници – Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ и Александар Бајдевски – присуствуваат и пратеничките Славјанка Петровска и Моника Зајкова, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митевски, адвокатите Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељуговски, универзитетските професори Предраг Трпевски и Ненад Марковиќ, како и поранешните директори Милена Стевановиќ и Стојко Пауновски.


Според поканата, на дебатата ќе се разговара за повеќе актуелни теми, меѓу кои и идното опозициско дејствување и предизвиците со кои се соочува опозицијата.

Организаторите претходно за ТВ 24 изјавија дека не планираат формирање нова политичка партија, туку иницијатива која треба да донесе нов импулс за политичка и изборна борба против владата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, СДСМ веќе ја оцени иницијативата како „сателит на ВМРО-ДПМНЕ“.

Според информациите до кои дојде ТВ 24, на листата на учесници се: Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Александар Бајдевски, Ема Нешковска, Насе Насев, Моника Зајкова, Славјанка Петровска, Сашко Митевски, Стојко Пауновски, Милена Стевановиќ, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Неда Здравева, Ненад Марковиќ, Милена Цветановска, Сретен Богоевски, Предраг Трпевски, Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељуговски.

Можете да прочитате

Реконструкција на Владата и потрагата по нова опозиција, дали Македонија влегува во нова политичка фаза? 

(Фото) Веќе е доцна, но не и предоцна – стартуваше платформата „Разговори за иднината во 12:05“

Невреме во Скопје: Пороен дожд ги поплави улиците