Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Шуто Оризари, густ црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Screenshot 2026 06 30 114351.jpg

Голем пожар избувна попладнево во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариштето на компанијата Џиди комерц, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавата за пожарот била примена преку единствениот број за итни повици 112, по што на местото веднаш биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.


Според првичните информации, гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи, поради што постои опасност пожарот да зафати и други објекти во близина.

Густ црн чад се издига над местото на пожарот и е видлив од повеќе локации во главниот град, што предизвика загриженост кај граѓаните.

Засега нема официјални информации што точно е зафатено од пожарот, ниту што е причината за неговото избувнување. Надлежните служби се на терен и работат на локализирање на огнената стихија.

Можете да прочитате

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

МЗ: Сите хируршки сали на Клиничкиот центар работат непречено, нема одложување на операции

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка