Утрински Весник
Македонија

Македонија под топлотен бран температури до 40 степени

Zesko sonce.jpg

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 Целзиусови степени.


Синоптичарите информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик

Малиш Саздовска: Заканата од ИСИС и Ал Каида во Македонија е постојано присутна, службите успешно ги спречуваат ризиците

Малиш Саздовска: Граѓаните не треба да проверуваат дали дискотеките се безбедни, тоа е обврска на институциите