Утрински Весник
Македонија

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Policija.webp.webp

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.


Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески” во Струга ги затекнале децата како спијат.

Можете да прочитате

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден

Мицкоски утре на увид на изградба на фекална канализација во Идризово

Ешерихија коли и други бактерии има во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани