Утрински Весник
Македонија

Меџити: Младите се мостот на меѓуалбанската соработка

Img 1092.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија како инструмент на меѓуалбанската соработка и европската интеграција”, организирана од Албанскиот младински форум, каде што говореше за значењето на зајакнувањето на меѓуалбанската соработка и улогата на младите во процесот на европска интеграција.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека образованието, културата, економијата и туризмот треба да бидат главните столбови на меѓуалбанската соработка, посочувајќи и конкретни иницијативи кои веќе се реализираат, како Албанскиот саем во Скопје и Меѓународниот музички фестивал што ќе се одржи во Старата чаршија.


„Меѓуалбанската соработка не треба да остане само идеја за која зборуваме, туку да се претвори во конкретни проекти што ќе создадат нови можности за граѓаните, особено за младите. Само преку меѓусебна доверба, соработка и заеднички ангажман можеме да изградиме подобра иднина за Албанците каде и да живеат”, истакна Меџити.

На конференцијата учествуваа институционални, политички и академски претставници, како и млади од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Прешевската Долина, со цел зајакнување на меѓуалбанската соработка и промовирање на улогата на младите во европските интегративни процеси.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола